More

    Од почетокот на рускиот напад врз Украина, руската пропаганда тврди дека во Русија нема отпор кон политиката на претседателот Путин

    spot_img

    Од почетокот на рускиот напад врз Украина, руската пропаганда тврди дека во Русија нема отпор кон политиката на претседателот Путин. Но, сè уште има такви кои не се согласуваат со оваа војна, но плаќаат висока цена за тоа.

    Од почетокот на руската инвазија на Украина, 31-годишната учителка Анастасија од уралскиот град Перм постојано прикачува белешки со пораки на влезот од нејзината станбена зграда. Последната гласи: „Не верувајте во пропагандата на телевизија, читајте независни медиуми“. Вчерашната белешка поставена на влезот гласи: „Насилството и смртта не следат со месеци, чувајте се“.

    Борба со белешки

    Анастасија, која не сака нејзиното презиме да се појави во западните медиуми, смета дека нашла начин да допре до своите сограѓани.

    – Не сум способна да направам нешто големо и јавно. Само сакам луѓето да почнат да размислуваат со своја глава и затоа се трудам да влијаам на мојата околина – вели оваа млада учителка, пренесува Дојче веле.

    Таа е една од оние граѓани на Русија кои и покрај притисокот од Кремљ, сакаат да го кренат својот глас против војната. Веднаш по почетокот на руската инвазија на крајот на февруари, неколкуте антивоени протести беа брзо задушени од властите. Наскоро беа донесени закони со кои се казнува споменувањето на војната. Наместо тоа, мора да се користи терминот „специјална воена операција“. И секоја јавна изјава за злосторствата на руските војници е казнива.

    Веднаш по 24 февруари Анастасија мислела дека сега мора што поскоро да ја напушти земјата. Но, набрзо се предомислила.

    – Зошто да бегам? Ова е мојата земја. Веднаш ми стана јасно дека морам да направам нешто овде – вели Анастасија.

    Останете надвор од опсегот на радарот

    Слично на неа размислува и уметникот Сергеј Бешов, кој протестираше среде Москва уште пред руската инвазија. Тој уште во 2020 година протестираше против уставните промени кои му дадоа на Владимир Путин уште поголеми овластувања со постер на кој пишуваше „Против“. По почетокот на инвазијата на Украина, Бешов го започна проектот Партизан Прес, при што печатеше антивоени постери.

    Во меѓувреме, по неколку посети на полицијата, тој почна да печати плакати со понеутрални пораки како: „Стравот не е изговор за пасивност“. Бешов смета дека во моментов е многу тешко да се манифестира отпор во Русија.

    – Луѓето се прогонувани за секакви работи, но некако успеваме да останеме надвор од радарот – вели Бешов.

    Казна за белешка, исто како за убиство

    Но неговата колешка Саша Скочиленко не успеа да побегне од радарот. Оваа 31-годишна уметничка и музичарка од Санкт Петербург се соочува со сериозна казна само затоа што ги заменила ценовниците со неколку антивоени налепници во продавница за самопослужување. На една налепница пишувало: „Руската армија бомбардираше уметничко училиште во Мариупол каде 400 луѓе побараа заштита“.

    Сега таа се соочува со десет години затвор за „ширење лажни информации за руската армија“.

    – Бевме шокирани кога го прочитавме обвинението. Дури и за убиство можно е да добие помала казна – заклучува нејзиниот партнер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img