More

    Од овие честички се состои целата позната материја

    spot_img

    Ѕвезда обвиена во густа прашина, а полесна од нашето Сонце, за која прво се мислеше дека е неутронска, всушност е првата ѕвезда која би можела да биде создадена од кваркови – мали честички од кои се состојат протоните и неутроните – честичките од кои е создадено јадрото на секој атом. Ѕвездата е оддалечена е „само“ на десет илјади светлосни години од нас и тежи само колку 0,77 Сонца, пишува НаученАларм.

    Претходно, најлесната неутронска ѕвезда досега измерена имаше такт од 1,17 пати поголема од масата на Сонцето. Но, ова не е обична неутронска ѕвезда. Кварковите се многу помали честички од неутроните. И бидејќи не знаеме ништо за „кварковите“ ѕвезди тогаш да кажеме нешто за неутронските.

    Неутронските ѕвезди се она што останува кога масивна ѕвезда 8 до 30 пати потешка од Сонцето ќе згасне. Прво таа станува суперонова и ги исфрла надворешните слоеви. Останува густото јадро. Неутронските ѕвезди имаат пречник од само 20 километри. Потешките од нив се претвораат во црни дупки. Полесните, во бели џуџиња. Така еден ден ќе заврши и нашето Сонце.

    Конкретната ѕвезда што овојпат ја набљудуваа научниците, по име HESS J1731-347, ја нарекоа „чудна“.

    „Нашата проценка на масата го прави централниот компактен објект во HESS J1731-347 најлесната неутронска ѕвезда позната до денес, и потенцијално поегзотичен објект – односно кандидат за „чудна ѕвезда“, пишуваат истражувачите во нивниот труд .

    Според теоријата, „чудната“ ѕвезда многу личи на неутронска ѕвезда, но содржи поголем дел од основните честички наречени кваркови.

    Кварковите доаѓаат во шест различни типови, или вкусови, наречени горен, долен, шармантен, чуден, кварк на врвот и кварк на дното. Протоните и неутроните, на пример, се направени од горни и долни кваркови.

    Тоа значи дека неутроните во ѕвездата биле толку збиени што се распаднале на кваркови. Тие заедно можат бидат наречени и „кваркова“ материја.

    А, гледано пошироко, од протоните и неутроните е составена целата позната материја во универзумот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img