More

    Од МНР тврдат дека постапиле по претходните препораки на ДКСК

    spot_img

    Министерството за надворешни работи тврди дека не постои  извештај за констатирани злоупотреби при користење на служените возила на институцијата.

    Дозволете уште еднаш да потврдиме дека во Конечниот извештај за извршена ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во МНР за период од 01.08 до 31.10.2021 год., не се констатирани злоупотреби, и оттаму нашата реакција дека таков Извештај, во кој се констатирани неправилности – не постои, се вели во денешното соопштение од МНР.

    Оттаму потенцираат дека по доставувањето на барањето од ДКСК за „ад хок” ревизија, Одделението за внатрешна ревизија изготвило ПРЕТХОДЕН ИЗВЕШТАЈ за извршена ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во Министерството за надворешни работи за период од 1 август до 31 октомври 2021 година со бр. 58-9205/22-1 од 21 март 2022 година и оти во овој претходен извештај наведени се четири препораки по кои МНР треба да постапи во определен рок.

    Во истиот период, Владата донесе нова Одлука за начинот на користење и одржување на службените возила бр. 214 од 15.09.2021 година. Врз основа на одредбите на оваа Одлука и препораките од Претходниот извештај, донесевме ново Упатство на начинот на користење, управување и одржување на службени патнички возила на МНР број 05-11071/22-1 од 05.04.2022 година, кое што целосно е усогласено од Одлуката на Владата и препораките од Извештајот“, нагласуваат од МНР.

    Согласно старото и новото Упатство, Министерството, како што стои во соопштението, во континуитет се грижи за службените возила и истите редовно се одржувани, сервисирани, регистрирани и осигурувани.

    Оттука, дозволете да потврдиме дека како Министерство имаме соодветно одговорено на наведените прелиминарни констатации, по што на крајот на КОНЕЧНИОТ ИЗВЕШТАЈ јасно стои дека целосно или делумно е постапено по сите четири препораки, и особено важно дека при проверката не е констатирано дека има злоупотреба на службени возила во партиски цели“, велат од МНР. 

    Според Министерството, како дополнителна потврда на ова тврдење, самиот Извештај на ревизијата има констатирано дека во наведениот период нема зголемена потрошувачка на гориво, напротив, има помала просечна потрошувачка искажана преку финансиските извештаи и покрај тоа што Министерството за надворешни работи немало намалени службени активности во тој период. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img