More

    Одбранбените капацитети на нордискиот регион ќе се зајакнат доколку Шведска и Финска се приклучат кон НАТО

    spot_img

    Одбранбените капацитети на нордискиот регион ќе се зајакнат доколку Шведска и Финска се приклучат кон НАТО, што ќе овозможи заедничко планирање на одбраната во рамките на Алијансата, изјави денеска шведскиот министер за одбрана за шведското радио.

    -Доколку Шведска и Финска се приклучат на НАТО ќе има ефект што ќе ги искористиме нашите  меѓусебни сили и предностите  и целосно ќе се надополнуваме, а исто така ќе спроведеме оперативно планирање – рече шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист, кој доаѓа од редовите на владејачките социјалдемократи.

    Шведска веќе има договори за одбрана со своите нордиски соседи, потсетуваат британските медиуми.

    – Доколку е така, ефектот ќе биде дека заедно ќе станеме посилни. Тоа е нешто што може да се случи ако избереме да се приклучиме кон НАТО – рече Хулквист за јавниот сервис.

    Социјалдемократите на 15 мај ќе одлучат дали да се откажат од децениското противење на партијата за членство во НАТО, потег што речиси сигурно ќе доведе до тоа Шведска да побара да се приклучи на 30-члената алијанса.

    Руската инвазија на Украина предизвика преиспитување на безбедносната политика во Шведска и Финска. Финскиот претседател Саули Ниинисто неделава се очекува да ја објави својата поддршка за апликација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img