More

    ОГЛАС бр. 17/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА ДО 2М²

    spot_img

    Врз основа на Годишната програма  за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2022 година бр. 08-13561/37 од 29.12.2021 год. („Сл.гласник на општина Охрид   бр.17/2021), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2022 година во општина Охрид бр. 08-13561/38 од 29.12.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на локации за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид бр. 08-4086/18 од 28.04.2021, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

     

    ОГЛАС бр. 17/2022

    ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА  ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА ДО 2М²

     

    ЈП Градски Пазар Охрид издава простор –локација поставување мобилна опрема до 2м² за намена продажба на пченки:

     

    1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

     

    Плоштад Крушевска Република-Вкупно 3 локации 7,8,9

    Кеј Македонија – Вкупно 3 локации, локација 10,11,12

     

     

    Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-9114/2 од 29.06.2022.

    Локациите за поставувње мобилна опрема ќе се издаваат за период на времетраење од 01.07.2022 до 01.10.2022 година.

     

    1. Почетна цена за издавање на локациите на месечно ниво е:

     

    • 2 м² за издавање локација -простор за поставување мобилна опрема со намена продажба на пченки со почетна цена од 5.000.00 (пет илјади денари) -вкупно 6

     

    2.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

     

    2.2 Во почетната цена за издавање на локациите, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

     

    • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 5 работни дена од склучување на договорот за закуп.
    • Редовно да ја одржува локацијата која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
    • Да овозможи непречен увид на локацијата од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
    • Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

     

    2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на закупецот

    • Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
    • Договорот со најповолните понудувачи од електронското јавно наддавање за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период од 01.07.2022 до 01.10.2022 година.

     

    1. 3. Доставување на пријави

    3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

    • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
    • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
    • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
    • На избраниот најповолен понудувач од електронското јавно наддавање му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

     

    Право на учество на јавниот оглас немаат:

    • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

    3.2 Понудувачот треба да достави:

     

    • Пријава за електронско наддавање на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
    • Уплатница на име депозит за учество на износ од 500.00 (илјада и петстотини) денари
    • Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Филијла Охрид

     

    За правни субјекти

     

    • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
    • Потврда дeкa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите населени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
    • Фотокопија од лична карта на управителот

     

     

    За физички лица

    • Фотокопија од лична карта
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локацијата; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

    Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното електронско наддавање ќe биде одбиен од  вкупната цена на склучениот договор.

     

    Депозитот за учесниците не е повратен доколку после надавањето самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување локација.

     

     

     

    1. Начин на доставување на пријава

     

    Пријавата треба да се достави со назнака:

     

    ЈП Градски Пазар Охрид

     

    Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на локаицја бр. 13/2022

    Локација бр.                          

    (се внесува делот и бројот на локацијата за кoj пријавениот  учествува,

    НА ПРИМЕР I —локација бр. 5)

    „Булевар Туристичка“ бp.79 Охрид

     

    НAПOMEНA:

    Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на пријавите.

    Пријавата  се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

    ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријавата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

     

    1. Начин на отворање

     

    Пријавите да се достават најдоцна до 05.07.2022 г. во 12.00 часот.

     

    • Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените пријави
    • Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното електронско наддавање
    • За денот и часот на јавното  електронско наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на   пријавениот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
    • За избран ќе се смета пријавениот кој понудил највисока цена за урбана опрема на електронското јавно наддавање под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

     

     

     

     

    1. Предмет на јавно електронско наддавање

     

    • Предмет на јавното електронско наддавање е месечната почетна цена, односно за период од 30 дена

     

    1. 7. Склучување на договор

     

    Договор ќе се склучи со пријавениот кој понудил највисока цена на јавното електронско наддавање.

     

    Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

    По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението,пријава до УЈП со цел да се изготви задолжение кое произлегува од договорот, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”, избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.

     

    Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на електронското јавно наддавање, не склучи  договор  во  цитираниот  рок,  договорниот  орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

     

    Доколку понудувачот кој доставил највисока понуда на јавното електронско наддавање,  од било која причина се откаже од потпишување договор, депозитот за наддавањето се задржува од страна на Јавното претпријатие

    При евентуална попреченост од било кои причини Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид има право да изврши промена на локацијата, а закупците се обврзуваат дека ќе ги прифатат промените. Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба, ваквиот договор во рок од 8 дена се раскинува, двострано, без право на никаков надоместок од двете страни, доколку претходно корисникот на услугата го има подмирено целокупниот долг по основ на закупнина по договор.

     

    Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

     

     

     

    ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

    В.Д  Директор

    Александар Попоски

     

    Образец за пријава

    Поставување мобилна  опрема до 2м²

     

    ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 17/2022 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА  

    ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА ДО 2 М² ДОСТАВУВАМ

     

    ПРИЈАВА  ЗА ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

     

    1. ОПШТ ДЕЛ

    Име на поднесителот на пријавата:                                                                                                        (назив на правно лице според тековна состојба или име, татково име и презиме за физичко лице)

    Контакт информации

    Седиште/адреса:                                                             

    Телефон:                                                                     

    моб.телефон:                                                            

    факс:                                                                              

    Е-пошта:                                                                              

    Лице за контакт:                                                                                                                                  

    Одговорно лице (управител) :                                                                                                          

    Даночен број :                                                                                      ЕМБС                                                    

    ЕМБГ:                                                                                  (за физичко лице)

    Во прилог на пријава доставувам:

    1. За правни субјекти
      • Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
      • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
      • Фотокопија од лична карта од управителот
    2. За физички лица
      • Фотокопија од лична карта
      • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
    1. УРБАНА ОПРЕМА

     

    Број на локација  

     

     

    Датум                                                                                              Подносител на пријавата

     

    Графички приказ 1 Графички приказ 2

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img