More

    Објавени се нови детали за нападот на Капитол

    spot_img

    Комисијата на Претставничкиот дом на САД, што го истражува бунтот и упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, го обвини Доналд Трамп за тие настани, наведувајќи дека тоа не се спонтани немири, туку „обид за државен удар“ и директен резултат на обидот на поразениот претседател да ги поништи изборите во 2020 година.

    Со емитувањето на 12-минутното видео од смртоносното насилство, кое досега не е јавно прикажано, и со изненадувачките сведоштва на најблиските соработници на Трамп, комисијата детално аргументираше дека повторените лаги на Трамп за изборни измами и јавен обид да се запре прогласувањето на победата на Џозеф Бајден ја напаѓа и ја загрозува американската демократија.

    „Демократијата се уште е во опасност“, предупреди претседателот на комисијата, демократскиот конгресмен од Мисисипи, Бени Томпсон, на дебата одржана синоќа. Тој додаде дека 6 јануари е „кулминација на обидот за државен удар, безобразен обид …за соборување на владата“ и дека „насилството не е случајност“.

    Комисијата објави видео, кое претходно не беше јавно прикажано, на кое поранешниот секретар за правда Бил Бар наведува дека му рекол на Трамп дека тврдењата за наместените избори се само глупости.

    Во друго видео, ќерката на поранешниот претседател Иванка Трамп сведочеше дека го почитува мислењето на Бар дека немало изборна кражба.

    Некои од снимките ги прикажуваат лидерите на екстремистичките организации „Чувари на заклетвата“ и „Горди момци“ како се подготвуваат да упаднат во Капитол за да се борат за Трамп.

    „Претседателот Трамп собра насилна толпа“, рече републиканката Лиз Чејни, член на Претставничкиот дом на Вајоминг и потпретседател на комисијата што водеше поголем дел од потрагата.

    Чејни прочита сведоштво според кое, кога на Трамп му било кажано дека толпата на Капитол скандирала дека потпретседателот Мајк Пенс „треба да виси“, Трамп одговори дека „можеби се во право“ и дека „ тој тоа го заслужува“.

    Претседателот Бајден, кој присуствуваше на Самитот на земјите од американскиот континент во Лос Анџелес, изјави дека многу гледачи „првпат ќе видат бројни детали за настаните од 6 јануари“.

    Во својот коментар за извештајот на комисијата, Трамп повторно ја отфрли целата истрага и дури објави на социјалните мрежи дека 6 јануари е „најголемото движење во историјата на нашата земја“, а републиканците од Комисијата за правда на Претставничкиот дом напишаа на Твитер: „Стари вести“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img