More

    Норвешки генерал тврди дека загубите на украинска страна се 100.000 војници

    spot_img

    Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили генерал Еирик Кристоферсен изјави дека за речиси една година конфликт во Украина, убиени и повредени се речиси 180.000 руски војници, додека загубите на украинска страна изнесуваат 100.000 луѓе.

    Тој не прецизира од каде се податоците за бројот на жртвите.

    – Украинските загуби се веројатно повеќе од 100.000 загинати и повредени. Покрај тоа, Украина има околу 30.000 загинати цивили во таа страшна војна – наведе Кристоферсен.

    Тој додаде дека и покрај големите загуби, Русија е способна да ја продолжи војната бидејќи Москва има капацитети за мобилизација и производство на оружје.

    – Најзагрижувачка работа е дали Украина ќе може да ги задржи руските воздухопловни сили надвор од војната, бидејќи досега сите ги држеше настрана благодарение на нејзината противвоздушна одбрана – наведе Кристоферсен.

    Во руските напади во изминатите месеци најмногу се користеа проектили со голем дострел.

    Во исто време, норвешкиот генерал повика што поскоро да се испратат борбени тенкови во Украина.

    И покрај итните повици од Украина и голем број европски земји, Берлин во петокот одби да испрати свои тенкови Леопард во Киев. Некои други европски земји имаат такви тенкови, вклучувајќи ја и Норвешка, но нивната испорака во Украина генерално бара германско одобрение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img