More

    Номинираната амбасадорка на САД во Македонија ги откри своите приоритети

    spot_img

    Анџела Прајс Агелер, која беше номинирана од страна на претседателот Џо Бајден за амбасадорка на САД во Северна Македонија, за време на сослушувањето во Сенатската комисија за надворешни работи, истакна дека ќе работи на национална стратегија преку која ќе се бара одговорност од корумпираните актери во земјата доколку таа и биде избрана за оваа функцина, пренесува Гласот на Америка на македонски.

    – САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери – изјави Агелер.

    Агелер, исто така, рече дека САД ја поддржуваат Северна Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во ЕУ.

    – Ние цврсто стоиме зад процесот на проширување на ЕУ затоа што го унапреди демократскиот развој и промовираше мир, стабилност и просперитет на европскиот континент, градејќи посилни стратешки партнери за САД. Северна Македонија ги надмина тешките предизвици и направи тешки избори да направи историски чекори напред на нејзиниот пристапен пат. Доколку бидам потврдена, ќе се надоврзам на овие успеси за да го обезбедам тој пат напред – рече Агелер.

    Доколку биде потврдена за амбасадорка, Агелер рече и дека ќе работи на стратешкиот дијалог меѓу двете држави, преку продлабочување на воената соработка.

    фото: Гласот на Америка

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img