More

    Нови санкции против Русија, но и против олигарсите

    spot_img

    САД најавија нови санкции против Русија за време на состанокот на лидерите на Г7 преку видео-повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Воведени се санкции против три руски телевизиски станици, забрането им е на Американците да даваат сметководствени и консултантски услуги на Русите и санкционирани се раководителите на Газпромбанк, третата по големина руска банка.

    Ова се први санкции досега против банката која го опслужуваше рускиот гасен гигант. САД и нивните сојузници досега избегнуваа да воведат санкции против Газпромбанк поради страв дека тоа може да доведе до недостиг на гас за купувачите од ЕУ, бидејќи поголемиот дел од Европа купува руски гас преку оваа банка.

    Висок функционер на Белата куќа истакна дека потегот не е целосна блокада, туку дека има за цел да сигнализира дека Газпромбанк не е безбедно засолниште.

    – Ова е веќе неуспех за Путин и ние ќе продолжиме да им оддаваме почит на храбрите борби на украинскиот народ и да го слушаме претседателот Зеленски – изјави висок претставник на Белата куќа за новинарите пред состанокот на Г7.

    Новите санкции, исто така, ќе наметнат нови извозни контроли против рускиот индустриски сектор и вклучуваат речиси 2.600 визни ограничувања за руски и белоруски службеници. Белата куќа, исто така, соопшти дека Комисијата за нуклеарна регулација ќе ги суспендира дозволите за извоз на специјален нуклеарен материјал во Русија.

    Лидерите на Г-7 објавија заедничка изјава во која ветија поголема изолација на руската економија и засилување на кампањата против руските елити кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин.

    – Седумдесет и седум години подоцна, претседателот Путин одлучи да ја нападне Украина со неиспровоцирана агресија. Неговите постапки се срамни за Русија и историските жртви на нејзиниот народ – се наведува во изјавата.

    Лидерите, на кои на онлајн состанокот им се придружи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветија дека „постепено ќе ја укинат зависноста од руската енергија, вклучително и увозот на нафта“.

    Тие го повикаа претседателот Путин да ја прекине блокадата што го попречи производството на храна во Украина и ветија дека ќе продолжат со кампањата против финансиските елити кои го поддржуваат шефот на руската држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img