Трговците кои се користат со нечесни практики со кои ги повредиле правата на потрошувачите ќе бидат казнувани со глоби од 500 до 10.000 евра, а потрошувачите ќе имаат право на надоместок на штетата. Ова се предвидува со новиот Закон за заштита на потрошувачите кој денеска помина на владина седница.