More

    Нова мигрантска криза е на повидок?

    spot_img

    Русија би можела да го затвори меѓународниот хуманитарен коридор за храна и помош за Сирија, единствениот кој остана отворен по војната во оваа земја, пишува Њујорк Тајмс. Со овој адут во ракавот Путин би можел да го уцени Западот и да напредува во војната во Украина со тоа што ќе предизвика нова мигрантска криза во Европа.

    Дипломати и експерти рекоа дека затворањето на коридорот, на граничниот премин Баб ал-Хава со Турција, речиси сигурно ќе принуди илјадници луѓе да ја напуштат Сирија. Ова само би ја влошило бегалската криза во Европа и на Блискиот Исток, која веќе се смета за најлоша од Втората светска војна.

    Советот за безбедност на Обединетите Нации, каде Русија има право на вето, во јули ќе гласа дали патот за испорака на помош ќе остане отворен. Но, се чини дека на коридорот веќе се чувствуваат последиците од војната во Украина и спротивставените интереси на Русија и на САД.

    – Војната во Украина има широки импликации за Сирија – и за целиот регион и за светот – рече јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади во интервју во Вашингтон овој месец.

    Сафади рече дека Јордан внимателно гледа додека Русија се приближува до гласањето. Повеќе од еден милион сириски бегалци веќе живеат во Јордан, рече тој, и за посредување во мировниот договор во 11-годишната граѓанска војна во Сирија „сигурно е потребен договор меѓу Русите и Американците“.

    – Со оглед на сегашната динамика, последиците би можеле да бидат тешки во однос на условите за живот за сириските бегалци и раселените лица – рече тој.

    Користејќи го правото на вето во Советот за безбедност, Русија помогна да се затворат уште три хуманитарни коридори во Сирија во 2020 година, а минатата година се согласи да го задржи оној во Баб ал-Хава, дури по интензивните преговори со САД. Русија рече дека затворањето на тие рути е неопходно за да се одржи суверенитетот на Сирија и се залагаше за дистрибуција на помошта со одобрение на владата на претседателот Башар ал Асад наместо преку Обединетите нации.

    Русија е еден од сојузниците на Асад во граѓанската војна во Сирија, која започна во 2011 година, а помошта од коридорот главно оди во областите под контрола на бунтовниците. Рутата од Баб ал-Хаве води до сириската северозападна провинција Идлиб, еден од последните делови на територијата под контрола на бунтовниците и област која стана рај за екстремистичка организација поврзана со Ал Каеда.

    Во моментов во тек меѓународна кампања за одржување на рутата отворена. Соединетите Американски Држави претседаваат со Советот за безбедност овој месец и одржаа серија состаноци за решавање на маките на Сиријците кои останаа без покрив над главата или на друг начин им треба помош за да преживеат.

    Заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, рече дека Москва не одлучила како ќе гласа. Но, во интервјуто во петокот, тој рече дека според сегашниот систем, хуманитарната помош е загрозена од екстремистите во Идлиб.

    – Не негирам дека оваа помош е наменета за бегалците, но од неа имаат корист и терористички групи – рече тој, додавајќи дека екстремистите нападнале некои пратки со помош.

    Полјански не сакаше да зборува за останување на коридорот отворен, освен дека разговорите меѓу Русија и САД стагнираат со оглед на „актуелните геополитички околности“.

    – Искрено, во оваа фаза немаме многу работи за кои треба да бидеме оптимисти – рече тој.

    Еден дипломат, исто така, предвидува дека Русија ќе се брани од обвинувањата дека инвазијата го нарушува суверенитетот на Украина, велејќи дека отворениоет хуманитарен конвој го нарушува територијалниот интегритет на Сирија.

    Друг американски дипломат, пак, рече дека САД и другите земји од Советот за безбедност ќе испратат „јасна порака“ до Москва барајќи рутата да остане отворена, но нема гаранција дека Москва ќе ги послуша.

    Сите дипломати кои ја опишаа оваа меѓународна ситуација сакаа да останат анонимни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img