More

    Новак до Евроспорт: Проверете ги информациите пред да објавите нешто

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ на Инстаграм одговори на објавата на Евроспорт, која според него е неточна.

    Заедно со снимката на која Ѓоковиќ му кажува на судијата дека мора да оди во тоалет во првото коло на Австралија Опен, имаше опис: „Новак Ѓоковиќ му приговараше на судијата и отиде на предвремена пауза во тоалет“.

    Новак на Инстаграм одговори: „Еуроспорт, ве молиме проверете ги информациите пред да објавите нешто осудувачко и погрешно“.

    Потоа следуваше подетално објаснување на Ѓоковиќ: „Судијата ми дозволи да одам во тоалет, но таа ми рече дека немам пауза за тоалет, туку дека тоа морам да го направам за време на паузата меѓу натпреварите. Таа ми рече (тоа не го фативте на камера) дека треба да брзам. Кога речиси го напуштив теренот, таа ми се јави (не слушнав) да ми каже дека тоалетот е на спротивната страна од теренот. Го најдов и тој кај што отидов и морав да бидам брз поради времето. Не ѝ се ‘спротивставив’ ниту го прекршив правилото. Таа ми даде дозвола и ми рече да бидам брз. Следниот пат бидете повнимателни со тоа што објавувате. Имате одговорност пред многубројните љубители на спортот кои ја следат вашата страница“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img