More

    Николоски вели дека Бугарија го поткопува кредибилитетот на Судот во Стразбур

    spot_img

    Има четиринаесет пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците во Бугарија и досега ниту една од нив не е спроведена од Бугарија. Ова е силно поткопување на кредибилитетот на судот и затоа Советот на Европа мора да дејствува. Во услови на војна во Украина, кога не се почитуваат човековите права, во Европа не се потребни лоши примери, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој во Стразбур учествува на редовната сесија на Парламентарсното собрание на Советот на Европа.

    – Во Европскиот суд, десетици илјади граѓани од цела Европа бараат правда која не можат да ја најдат во домашните судови кога нивните основни човекови права, правото на слобода на говор, правото на здружување, правото на национална самоидентификација и правото на употреба на нивниот мајчин јазик е повредено. Македонците од Бугарија со децении се борат за овие права. Тие отсекогаш живееле таму и сакаат да ги остварат своите национални, јазични и културни права, но за жал, Бугарија одбива да го стори тоа. Одбива да ги регистрира своите здруженија преку кои сакаат да ги остварат своите права. Ќе се согласите дека ова е недемократски чин на земја членка на Европската Унија – рече Николоски.

    Тој потсети дека во анализата на Секретаријатот за извршување на пресудите се изразува длабока загриженост дека во последните постапки за регистрација започнати од здруженијата на македонските апликанти во Бугарија, судовите повторно ги занемариле начелата наведени во пресудите на Судот и Привремената резолуција на Комитетот на министри.

    – Бугарија постојано ја блокира Македонија на европскиот пат, Македонија не може да ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ затоа што Бугарија постојано става вето, а во исто време Бугарија не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права. Тоа е лицемерна политика на која барам да се стави крај – истакна Николоски.

    Тој повика државава да ги почне преговорите за членство со ЕУ, а Бугарија да ги овозможи основните човекови и јазични права на Македонците во Бугарија, посочувајќи дека само таквиот пристап може да доведе до добрососедски и пријателски односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img