More

    Николовски: Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, обезбедуваме доволно храна за сите граѓани

    spot_img

    Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, обезбедуваме доволно храна за сите граѓани – истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на прес-конференција, на која информираше дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции.

    Николовски рече дека е обезбедено основните училишта, преку општините, да добиваат јаболка за учениците, со што се помагаат како производителите, така и семејниот буџет на родителите чии деца ќе имаат здраво македонско овошје за време на наставата.

    Покрај основните и дополнителните субвенции, за млекопроизводителите преку Интервентниот фонд се обезбедени уште 140 милиони денари, рече Николовски. Поддршката е за литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети од 1 октомври 2021 година до 30 септември годинава. Мерката е усвоена на денешната владина седница. Како што објасни Николовски, 140-те милиони денари се предвидени во Интервентниот фонд, а се обезбедени со ребалансот на Буџетот зашто се навреме побарани.

    – Мерката е итна и многу брзо ќе се реализира. Целта е намалување на трошоците и загубите на мелкорпозводителите кои се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна поради кризата – рече министерот.

    Тој повтори дека веќе се исплатени 670 милиони денари на над 20.000 сточари, а до 31 декември годинава сите долгови кон сточарите по основа на субвенции ќе бидат целосно исплатени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img