More

    Николова: На маиците ви е Гоце Делчев, ама во душата го носите Тодор Александров, зборувате за важноста на македонски јазик, а сакавте да ја затворите катедрата за македонски јазик на УКИМ

    spot_img

    Пратеничката на СДСМ Даниела Николова денеска од собраниската говорница ѝ порача да опозицијата дека нивното викање и закани се за народот да не ја чуе вистината, за да ги скрие своите лаги и манипулации.

    – Вие сте очајни во постапките, кои покажуваат дека единствено ви е важна власта, зборувате за идентитет, за македонски јазик, а не прифаќате решенија, кои го гарантираат тоа, извадивте куп бугарски пасоши, на маиците ви е Гоце Делчев, ама во душата го носите Тодор Александров, зборувате за важноста на македонски јазик, а сакавте да ја затворите катедрата за македонски јазик на УКИМ, на Фејсбук пишувате статуси „ајмо звиждаљке“, нели на чист македонски јазик – истакна Николова.
    Пратеничката Николова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е една антиевропска коалиција, која сака да дојде на власт само затоа што е исплашена од пресудите за својот криминал и не можат да се помират дека двете стратешки одредници на нашата држава – НАТО и ЕУ се реализираат токму во време на СДСМ, па затоа шири лаги за бугаризација и асимилација, како што ширеше лаги за кантонизација,федерализација, бегалски кампови и казни за неучење албански јазик.

    – Има ли поголемо зло од тоа на своите граѓани да им ја одземете европската иднина, да ги приморате да вадат туѓи пасоши да заминат во ЕУ, зборувате за иселување младите, а сте против тоа да им отворите европска перспектива, нема да ви успее и овој пат – порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img