More

    „Не треба да се жениш со својата учителка“

    spot_img

    „Тој е претседател. Тој треба да даде пример и да не се ожени со својата учителка“.

    Вака гласеше дел од прашањето кое дете со аутизам му го поставило во писмо на францускиот претседател Емануел Макрон, а кое претседателот мораше да го прочита сам бидејќи новинарот беше премногу засрамен да го прочита, пишува Асошиејтед Прес. А еве што одговори Макрон:

     

     

    – Не се работи за тоа дали треба или не треба да дадете пример. Кога си заљубен изборот не е твој – рече тој и додаде:

    – Таа не беше баш моја учителка. Таа ми беше учителка по глума. Не е исто, таа не беше професока по математика – по што присутните се насмеаја.

    Фактите велат дека Брижит Макрон била мајка на три деца и 24 години постара од Емануел Макрон кога се запознале во средното училиште каде тој бил ученик. Таа била професорка сè до крајот од 2007 година кога се венчале.

    Макрон одговараше на прашањата во центар за грижа за млади со аутизам каде бил основан познатиот весник Папотин во 1990-тите години.

    Тој беше прашан и дали има доволно пари, при што одговори дека како претседател на Франција добива помалку пари отколку кога би работел како банкар.

    На прашањето дали има многу пријатели, францускиот претседател рече дека „не е најдобрата работа да имаш многу пријатели“.

    За своите „непријатни“ средби со Владимир Путин Макрон одговори дека „кога се среќаваш не е непријатно. Ова е парадоксот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img