More

    Нема заштита за членовите на руската Дума

    spot_img

    Рускиот парламентарен лидер Вјачеслав Володин ги повика пратениците на Државната дума да учествуваат во војната во Украина по наредбата за делумна мобилизација.

    – Оние кои ги исполнуваат условите за делумна мобилизација треба да помогнат со нивното учество во специјалната воена операција – објави денеска шефот на Думата на својот канал на Телеграм, пренесува ДПА.

    – Нема заштита за пратениците – нагласи тој.

    Рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди делумна мобилизација во која треба да бидат повикани 300.000 резервисти со борбено искуство.

    Шефот на парламентот реагираше на ставот, кој не е невообичаен во парламентарните кругови, дека повикот на Путин за национална одбрана не важи за нив.

    Еден пратеник, на пример, рече дека тој е потребен во земјата. Во исто време, Володин го пофали фактот дека има парламентарци кои веќе се распоредени во окупираниот регион Донбас во источна Украина. Според него, повикани се само резервисти со борбено искуство и специјална воена обука.

    Соработникот на Путин, исто така, призна дека „се појавуваат прашања што ги загрижуваат (руските) граѓани по уличните протести и извештаите за масовниот егзодус на млади Руси од земјата. Володин рече дека руските трупи во Украина денеска се борат и со „силите на НАТО.

    – Во Украина има обучувачи на НАТО, платеници од земјите на НАТО, технологија на НАТО, оружје и муниција. Има 1.000 километри линија на фронтот за одбрана – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img