More

    Нема застареност за извршување на затворската казна за Драган Даравелски, но тој поднел барање за повторно судење

    spot_img

    Нема застареност за извршување на затворската казна за Драган Даравелски, но тој поднел барање за повторно судење, изјави за Плусинфо извор близок до поранешниот директор на Царината на Република Македонија, кој пред две децении се засолни во Србија за да ја избегне правдата.

    Оваа информација ја потврди и порталот „360 Степени“, кој уште вчера пишуваше за ова сценарио. Ваква разврска најави и поранешниот адвокат на Даравелски, Никола Поленак, во изава за „Слободен печат“:

    – Иако нема застареноста за извршување на изречената казна затвор од 7 години, застареноста во однос на кривичното дело, според мои пресметки, веќе настапила, така што неговите сегашни адвокати, доколку ги има, можат да го советуваат да бара повторно судење, бидејќи пресудата му е изречена во отсуство, и таквото барање би требало да му биде прифатено. Во тој случај на Обвинителството не му останува ништо друго освен да се откаже од гонењето поради застареност на делото. А штом тој самиот тргнал наваму, значи дека добро ја проценил ситуацијата – објасни адвокатот Поленак.

    Поранешниот директор на Царинската управа беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во периодот од 1999 до 2002 година. Според актуелниот Кривичен законик, апсолутна застареност за кривични дела за кои е предвидена максимална затворска казна од 10 години настапува кога ќе помине двапати повеќе време од периодот кога е сторено кривичното дело. Според оваа одредба од КЗ, апсолутната застареност за кризвично гонење настапила најдоцна во 2022 година.

    Порталот „360 Степени“ се повикува на извори кои тврдат дека е неизвесно како судот ќе го толкува законот и како ќе се одговори на дилемата кога осуденикот дознал за правосилната пресуда ако досега не ја примил.

    – За тоа прашање судот нема да одлучува арбитрерно или со толкување, туку според докази. Ако нема докази дека Даравелски уредно ја примил пресудата, но и други документи кои би упатувале на тоа дека постои пресуда, тој ќе го оствари правото на повторно судење, како што му го овозможува законот. Во тој слчучај сигурно ќе се констатира апсолутно застарување на кривичното гонење – вели нашиот извор, додавајќи дека Даравелски сепак не се појавил случајно на Табановце со намера да влезе во Македонија.

    Претходно, беше објавено дека извршувањето на изречената казна затвор за Драган Даравелски не застарува со оглед што Основниот суд Куманово по приемот на правосилната пресуда презел повеќе дејствија, со кои текот на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано.

    Ова го објави надлежениот Основен суд Куманово за извршување на изречената казна затвор за Даравелски кој во мај 2007 година беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, а таа пресуда е потврдена од Апелациониот суд Скопје и правосилна од март 2008 година.

    –  Согласно чл.109 ст.1 т.3 од КЗ застарување на извршување казна затвор над 5 години настапува по протек на 10 години од правосилноста на пресудата со која казната е изречена.  Согласно на чл.111 од КЗ, застарувањето се прекинува со секое дејствие на надлежен орган, што се превзема заради извршување на казната, а со секој прекин застарувањето почнува повторно да тече.  Основен суд Куманово од прием на правосилната пресуда презел повеќе дејствија, со кои текот на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано – информираат од Основниот суд во Куманово.

    Од таму појаснуваат дека согласно ст.5 од чл.111 од КЗ застареност настапува во секој случај кога ќе помине два пати онолку време, колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна.

    – Со оглед дека од последното преземено дејствие од страна на Судот нема изминато период од десет години, ниту пак изминало два пати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна, застареноста не настапила – потенцираат од Судот.

    Од Основниот кривичен суд Скопје за МИА информираа дека до нив не е доставено никакво известување или барање за повторување на постапката за Даравелски.

    „Според пресудата со К.бр. 809/05 од 17 мај 2007 година лицето е осудено на 7 години затвор за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 22 и чл. 45 од КЗ, која пресуда е потврдена и правосилна со одлука на Апелациониот суд Скопје КЖ 2551/07 од 26 март 2008 година, но извршувањето на пресудата, согласно одредедбите од Законот за извршување санкции, е во надлежност на Судот според местото на живеење на странката, односно во овој случај Основниот суд во Куманово, каде може да се обратите за повеќе информации околу извршувањето на казната“ – одговорија за МИА од Кривичниот суд.

    Судот појаснува дека за евентуално повторување на постапката одлучува Кривичниот совет на овој суд, по добиено барање за повторување од странката, и по добиено мислење од надлежното обвинителството.

    – Како што веќе е соопштено, Даравелски нема да оди на застарување на извршување на санкцијата, туку ќе бара повторно судење. Не гледам начин како во таков случај ќе се избегне да се констатира апсолутна застареност за кривично гондење – категоричен е изворот на Плусинфо.

    Ставот 1 од членот 456 од Законот за кривична постапка е јасен – кривичната постапка ќе се повтори ако осуденикот или неговиот адвокат поднесат барање во рок од една година откако лицето ќе дознае за пресудата со која е осудено во отсуство. Во ставот 2 од истиот член се предвидува ново судење, доколку, како што пишува, „против лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img