More

    Незаинтересираноста за секс кај мажите е поврзана со ризикот од прерана смрт

    spot_img

    Намалениот сексуален нагон кај мажите може да биде поврзан со зголемен ризик од прерана смрт, покажа едно јапонско истражување. Научниците допрва треба да ја утврдат причинската врска помеѓу смртноста и либидото, но тие претпоставуваат дека намаленото либидо може да биде суптилен показател за некои други здравствени проблеми.Сексуалниот интерес е важен бидејќи генерално е показател за добро здравје и квалитет на живот.

    Анализата, објавена во списанието Plos One, се заснова на податоци собрани меѓу 20.969 учесници (8.558 мажи и 12.411 жени) на возраст над 40 години, кои биле подложени на редовни систематски прегледи во јапонската префектура Јамагата.

    Група научници од Универзитетот Јамагата го проучувале сексуалниот интерес на испитаниците, кои учесниците во студијата се изјасниле во прашалникот и го следеле нивното здравје во следните шест години. Од првичните 20.969 испитаници, 503 починале во набљудуваниот период, пренесува порталот Science Alert.

    Беше испитана и поврзаноста помеѓу сексуалниот интерес и зголемената смртност од сите други причини, како што се смртноста од кардиоваскуларни болести или смртта од рак.

    Утврдено е дека смртноста од сите причини е значително повисока кај мажите кои пријавиле недостаток на интерес за секс.

    Асоцијацијата беше забележана дури и по исклучувањето на другите фактори на ризик, како што се високиот крвен притисок, дијабетесот, пушењето, консумирањето алкохол, прекумерната тежина и стресот. „Ова е прва студија која ја разгледува врската помеѓу либидото и смртноста во поголема заедница“, напишаа авторите.

    Жените пријавиле недостаток на сексуален интерес почесто (16 проценти) од мажите (осум проценти), но не нашле врска помеѓу намаленото либидо и смртноста како кај мажите.

    Бидејќи студијата беше чисто набљудувачка, научниците не можеа да утврдат кој фактор е причината, а кој ефектот. „Можно е недостатокот на сексуален нагон да е поврзан со нездравите животни навики на мажите. Сепак, можно е и тоа да е поврзано со воспалителни, невроендокрини и имунолошки промени“ во телото.

    Ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се утврди што точно се случува, но дури и откривањето на потенцијална врска е важен чекор, според јапонските научници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img