More

    Невообичаени знаци на мозочен удар што се јавуваат кај жените

    spot_img

    Мозочниот удар е прилично честа појава која може да ги погоди и помладите луѓе. Постојат симптоми кои се карактеристични само за жените. Проверете на што треба да обрнете внимание.

    Мозочниот удар може да му се случи на секого, без разлика на возраста или полот. Поради хормоните, постои малку поголем ризик тоа да им се случи на жените.

    Повисоко ниво на „женски“ хормони, особено естроген, го загрозува здравјето на крвните садови. Тоа може да доведе до бројни васкуларни проблеми кои можат да бидат причина за мозочен удар, пишува Данас.

    Ризикот од мозочен удар е дополнително зголемен кај жените кои пушат, земаат контрацептивни таблети, консумираат забранети супстанци, посегнуваат по нездрава храна и недоволно вежбаат, а ризикот е зголемен и кај трудниците.

    Мозочниот удар најчесто настанува како резултат на комбинација на генетика, начин на живот, а делумно и поради самата „среќа“.

    Проверете како можете да препознаете мозочен удар по невообичаени симптоми.

    Општи симптоми кои повеќето луѓе ги доживуваат:

    – Промени во изразите на лицето;
    – Проблеми со говорот;

    – Чувство на слабост;
    – „Несмасност“ или проблеми со рамнотежата.

    Општите знаци се доста различни и, во принцип, лесно ги препознаваме. Некои знаци сепак се малку понеобични и се карактеристични особено за понежниот пол. Невообичаени знаци кои се почести кај жените:

    – Губење на свеста;
    – Ненадејна и необјаснива конфузија;

    – Вртоглавица и/или гадење;
    – Постојано икање.
    – Доколку се сомневате дека вие или некој ваш близок има мозочен удар, веднаш побарајте лекарска помош, бидејќи навремената реакција е неопходна за да се зачува животот и да се спречат посериозни последици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img