More

    На 91-годишна возраст денеска во Скопје почина Благоја Иванов раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор

    spot_img

    На 91-годишна возраст денеска во Скопје почина Благоја Иванов раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.

    Иванов е роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности.

    Бил уредник на списанието „Млада литература” и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи”. Бил дел од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1958 година, а бил и претседател на Друштвото. Членувал и во Македонскиот ПЕН центар.

    Добитник е на наградите: „1 Мај”, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание”, „Кочо Рацин”.

    Автор е на книгите: Седум умирања (проза, 1956), Ноќ без починка (раскази, 1958), Црвено рондо (раскази, 1964), Патувања (лирски минијатури, 1969), Ветрови (роман, 1969), Соочувања (критики и есеи, 1971), Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973), Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975), Една година и цел живот (роман, 1978), Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983), Бланка (проза, 1985), Малата врата на надежта (раскази, 1985), Маалски игри (роман за млади, 1989), Чекање на зората (роман, 1998), Сватови (раскази, 2000), Сомнеж (роман, 2007), Раска в грло (раскази, 2011), Кораби (раскази, 2014), Актери автори (осврти), Птиците од дворот (раскази, 2015), Скопски дамари (антологија, раскази, 2020) и други. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img