More

    На црната листа се член на ХДЗ и министер од Република Српска

    spot_img

    Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ги стави на американската „црна листа“ претседателот на Федерацијата БиХ Маринко Чавара (ХДЗ БиХ) и министерот за здравство и социјална заштита на Република Српска Ален Шераниќ, бидејќи како што образложија, тие ја загрозиле стабилноста на регионот и го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор и демократските процеси или институции.

    – Маринко Чавара и Ален Шераниќ се обидоа да следат етнонационалистички и политички агенди на сметка на демократските институции и граѓаните на Босна и Херцеговина – изјави Брајан Нелсон, потсекретар за борба против тероризам и финансиско разузнавање при Министерството за финансии“, јави регионалната телевизија Н1.

    Чавара беше ставен на листата на санкционирани лица за директно или индиректно учество во активности или политики кои ги поткопуваат демократските процеси или институции во Западен Балкан, појасни Стејт департментот.

    На Шераниќ му беа изречени санкции, како што се посочува, за промовирање на сецесионистичките активности на Република Српска, односно затоа што го водел процесот на донесување на законот со кој се предвидува формирање на Агенција за лекови на РС, која би била на територијата на тој ентитет и би била надвор од надлежностите на Агенцијата за лекови на БиХ.

    „Овој закон, кој сѐ уште не е стапен во сила, предвидува формирање нова агенција само во рамките на Република Српска, со што би се нарушиле овластувањата на државната Агенција за лекови и медицински помагала“, се наведува во образложението.

    Се додава дека формирањето нова агенција на ниво на ентитети претставува опструкција или закана за спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.

    Во меѓувреме, уште е нејасно дали Република Српска ќе се приклучи кон санкциите на Западот кон Москва. Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик побара од Народното собрание на Република Српска јасно да каже дали е за воведување на какви било санкции против Русија.

    – Јас сум против воведување какви било санкции против Русија. Треба да останеме на позиција на неутралност, за РС да остане надвор од процесот и глобалните настани – рече Додик, обраќајќи им се на пратениците во Народното собрание на РС.

    Тој рече дека не може да се воведат санкции против Русија, која, според него, го штити меѓународното право и Дејтонскиот договор.

    – Русија нè штити во Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина стави вето на предлогот на резолуцијата на Велика Британија за геноцидот во Сребреница – рече Додик.

    Српскиот член на Претседателството на БиХ оцени дека Велика Британија води „коруптивна политика“ на меѓународната сцена, за да се врати на глобално ниво како голема сила, додавајќи дека поради тоа му е „жал за Европа“.

    – БиХ не е успешен концепт, особено оној што го турка Западот. Прашањето е дали е можно РС да биде надвор од струите, кои се неповолни за нас – рече Додик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img