More

    На поранешниот функционер и бегалец од правдата Драган Даравелски, кој денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, му застареле делата и најверојатно брзо ќе биде ослободен од затвор

    spot_img

    На поранешниот функционер и бегалец од правдата Драган Даравелски, кој денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, му застареле делата и најверојатно брзо ќе биде ослободен од затвор, велат за Плусинфо доброупатени извори.

    Изворите велат дека Даравелски решил да влезе во Македонија откако преку неговите адвокати се уверил дека неговите дела се застарени и не може да биде задржан на издржување на затоврската казна која му е досудена во 2007 година. По неговото денешно апсење ќе бидат потребни само неколку денови за тоа официјално да биде констатирано, по што тој ќе биде слободен граѓанин, велат изворите на Плусинфо.

    Поранешниот функционер и бизнисмен Драган Даравелски, кој со години беше азилант во Белград, откако беше осуден во отсуство, денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце и однесен во затворот Идризово на отслужување на затворската казна.
    Даравелски беше директор на Царинската управа, а во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор, по што беше баран со потерница на Интерпол. Во 2016 година беше уапсен во Белград, но не беше екстрадиран, а и до ден денешен не се изврши неговата екстрадиција.

    Тој е осуден за злоупотреба на службената должност и овластување и оштетување на државниот буџет за 2,5 милиони евра. И неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше осуден за истото дело, а судот одлучи на двајцата да им се заплени имотот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img