More

    На Мијалков започнаа да му застаруваат обвиненијат!?

    spot_img

    Сите жалби поднесени од обвинетите да се одбијат, предложи јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство – Скопје, Елвин Вели, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд – Скопје по повод изјавените жалби на обвинетите во случајот по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по повод изречените кривични санкции и казни, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како „Таргет – Тврдина“.Според обвинителот Вели, наводите на одбраната во овој случај за доказите се неосновани.

    На седницата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство – Скопје го презентираше писмениот предлог со кој се предлага сите изјавени жалби да се одбијат, а по повод жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело од член 359 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди.

    Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година на обвинетите во случајот за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК им изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни.

    Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од првостепениот суд е казнет со затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img