More

    На бродот било пукано, не сакаа да кажат што барале во Украина

    spot_img

    Бугарските морнари од бродот „Царевна“, кој беше блокиран во украинското пристаниште Мариупол, со владин авион денеска слетаа на аеродромот во Варна, јави дописникот на МИА од Софија.

    – На парабродот сигурно имало воени дејствија. Има штета. Има над 10 удари, никој не може да ги изброи – вели член на екипажот, пишува 24 часа.

     

     

    Морнарите беа пречекани од членовите на нивните семејства и од премиерот на Бугарија, Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Премиерот Петков им се заблагодари на сите институции, специјални служби и министерствата за перфектната организација на евакуацијата на бугарските морнари.

    Морнарите не сакаа да го коментираат учеството на бугарското воено разузнавање и специјалните сили во Мариупол. Исто така и Петков и Генчовска се воздржаа од коментари. Петков само наведе дека имало два обиди за евакуација на морнарите, но оти тие биле премногу опасни.

    Морнарите изјавија дека во пристаништето Мариупол биле во опасност, но откако биле евакуирани добро се однесувале со нив. Ги сместиле во хотел во Доњецк, а потоа бил обезбеден коридор за нивно заминување.

     

     

    Властите во Софија продолжуваат да работат на евакуација на морнарите од украинското пристаниште Черноморск, каде ситуацијата е многу помирна и во тој случај се водат разговори со сопственикот на бродот.

    Шест морнари од бродот „Рожен“ во Черноморск се евакуирани, а уште 11 други се на бродот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img