More

    Најмногу станови се градат во Гази Баба

    spot_img

    Во април годинава се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44,6 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

    Најмногу градежни дозволи, 83, има во Скопскиот регион, по што следат Вардарскиот со 56, во Југоисточниот 45, додека во Полошкиот се издадени  44 градежни дозволи.

    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5. 474 500 денари, што е за 58,7 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

    Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 се наменети за објекти од високоградба, 37  од нискоградба и 101 за објекти за реконструкција.

    Од вкупно 337 објекти, на 199  како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138  инвеститори се деловни субјекти.

    Во извештајниот период е предвидена изградба на 752 станови, со вкупна корисна површина од 61.866 метри квадратни. Најмногу станови, 248, ќе се градат во Скопје, од кои 180 се во Општина Гази Баба, во Центар 31, во Илинден 13,…Во Полошкиот регион се предвидени 153 станови, во Вардарскиот 142, додека во Југозападниот 123 станови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img