More

    НАТО за долгорочна стратегија за Русија, Финска и Шведска е на врата

    spot_img

    Министрите за надворешни работи на НАТО овој викенд се состануваат во Берлин за да разговараат за долгорочна стратегија, земајќи го предвид можниот влез на Финска и Шведска.

    Геополитичкото влијание на НАТО нагло се зголеми по руската инвазија на Украина и наскоро би можело да добие нови членки.

    Владејачката Социјалдемократска партија во Финска во саботата го објави својот став за можното пристапување во НАТО. Финскиот државен врв објави во четвртокот дека Финска мора да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“, што е голем пресврт во политиката поттикната од руската инвазија на Украина.

    Поддршката на социјалдемократите би значела дека мнозинството од финскиот парламент е за влез во НАТО, што би го отворило патот за кандидатура во наредните денови.

    Шведските владејачки социјалдемократи во недела треба да одлучат дали ќе се откажат од децениското противење на членството во НАТО, што речиси сигурно ќе доведе до тоа Шведска да побара членство во Алијансата.

    Шефовите на шведската и финската дипломатија Ен Лиде и Пека Хаависто треба да присуствуваат на состанокот на НАТО.

    Данска, Норвешка и Исланд се членки на НАТО од неговото основање.

    Москва вели дека проширувањето на НАТО во Финска и Шведска ќе биде непријателски гест и ќе претставува дополнителна закана за нејзината безбедност, и вети дека ќе одговори на потегот.

    Кандидатурата на Финска и Шведска треба да биде одобрена од сите 30 земји.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот рече дека членството на Финска и Шведска во НАТО ќе биде „грешка“, како што беше и пристапувањето на Грција во Северноатлантската алијанса.

    Не е јасно дали ова е само привремено противење на Турција, која е членка на НАТО, или потенцијално голема пречка за проширување на Алијансата во две земји, наведува Би-би-си.

    Дводневниот состанок, чиј домаќин беше германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, а на кој присуствуваше и американскиот државен секретар Антони Блинкен, ќе го означи почетокот на последната фаза од преговорите за Стратешкиот концепт на НАТО, документ кој ги поставува насоките за иднината.

    Концептот треба да обезбеди долгорочен одговор на растечките тензии со Русија, вклучително и појаснување за тоа како да се врати влијанието на НАТО во Источна Европа во иднина и, за прв пат, насоки за Кина.

    Конечната верзија на документот треба да биде усвоена од лидерите на НАТО на самитот во Мадрид во јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img