More

    Нападнати новинари на натпревар од Лига Европа

    spot_img

    Вест Хем Јунајтед бара напаѓачи на двајца германски радио репортери кои беа нападнати на првиот полуфинален натпревар од Лига Европа одигран во четвртокот на Олимпискиот стадион во Лондон, во кој Ајнтрахт го совлада домашниот тим со 2:1.

    Новинарите Филип Хофмајстер и Тим Брокмаер, кои работат за регионалната германска радио станица Хесишер Рундфунк, тврдат дека биле нападнати откако Михаил Антонио постигнал израмнувачки гол за Вест Хем во 21. минута, пред да бидат преместени на други места на стадионот на полувремето. .

    Вест Хем соопшти дека знаел за инцидентот и дека работи на откривање на напаѓачите.

    „Во согласност со нашата политика на нулта толеранција за насилство, податоците за тие луѓе што ќе ги идентификуваме ќе бидат проследени до полицијата. Ним ќе им биде забранет влез на Олимпискиот стадион во Лондон на неодредено време, како и забрана за патување со клубот. Нема место за вакво однесување“, изјави портпаролот на Вест Хем.

    Нападнатиот Хофмајстер на Твитер објави дека „добро се чувствува“ и им посака се најдобро на сите навивачи на Вест Хем кои го сакаат фудбалот и ги почитуваат ривалите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img