More

    Надал се сеќава на долгото финале на Австралија Опен

    spot_img

    Тенискиот ас Рафаел Надал се присетува на финалето кое го одиграл со Новак Ѓоковиќ во 2012 година на Австралија Опен, можеби најдолгото во историјата. Според Надал тие 5 часови и 53 минути, односно 5 сета игра биле напорни, пренесува Б92.

     – Мора да го повикате Новак, да видите дали сака да го врати трофејот  – изјави Надал на шега.

    Надал ова го кажа надоврзувајќи се на неговиот колега Норвежанецот Каспер Руд кој претходно зборуваше дека гледајќи го тоа долго финале, му паднало тешко што Надал изгубил од Ѓоковиќ, бидејќи уште како мал навивал за Шпанецот.

     – Би го сменил финалето на Австралија Опен во 2012 година, тој долг натпревар против Ѓоковиќ – рече Руд.

     – Тоа беше натпревар што ме натера да се чувствувам навистина лошо со часови – додава Норвежанецот.

     Руд моментално е на јужноамериканска турнеја со Рафаел Надал. Двајцата ќе играат во неколку земји, а нивната прва станица е Аргентина. Инаку, Руд како мал бил голем обожавател на Надал, а еден од поразите на Шпанецот особено му паднал во очи.

     Оваа сезона Руд го загуби финалето на Ролан Гарос од Надал, УС Опен од Алкарас и на крајот на завршниот Мастерс, каде што подобар беше Ѓоковиќ.

     – Мислам дека најнеизвесното финале беше на УС Опен. Беше 1-1 во сетови. Имав сет топка во третиот сет, која за жал не ја искористив – изјави Руд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img