More

    Навратилова вели дека Англичаните претерале

    spot_img

    Политиката го уништува тенисот, а одлуката да им се забрани настап на Русите и Белорусите на грен – слем турнирот во Вимблдон не е начин за решавање на проблемот, оцени денеска легендарната тенисерка Мартина Навратилова.

    – Колку и да ми е жал поради украинските играчи и народот, мислам дека Англичаните со овој чекор отидоа предалеку – изјави Навратилова.

    Легендарната тенисерка во својата кариера освои 18 грен – слем титули од кои половината во Вимблдон.

    Нејзината реакција доаѓа откако организаторите на Вимблдон и Британската тениска федерација во вторникот донесоа одлука да им забранат настап на руските и белоруските тенисери на грен-слем турнирот од 27 јуни до 10 јули.

    Одлуката на британската страна наиде на несогласување и од Здружението на тениски професионалци (АТП).+

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img