More

    Можно ли е премиерот сам да го крене ветото?

    spot_img

    Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе изврши политичко самоубиство, доколку самиот го крене ветото за Македонија. Ова за Плусинфо го истакна лидерот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков, чија организација со години води жестока битка за признавањето на малцинските права на Македонците во Бугарија.

    Тој е скпетичен во вистинските намери на бугарскиот премиер и не верува дека Петков навистина ќе го крене ветото, со кое источниот сосед ги блокира евроинтеграциските процеси во Македонија.

    – Доколку тој на своја рака навистина го крене ветото, тоа ќе претставува негово политичко самоубиство. На мене искрено не ми се верува дека Бугарија ќе се откаже од ветото. Но, во доменот на шпекулацијата, можеби Петков ќе биде жртвуван сега како единствениот функционер кој ѝ попушта на Македонија, а сите други се против. Иако ќе повторам дека не можам да поверувам, во тоа дека Петков или било кој друг тука во Бугарија ќе се откаже така лесно од ветото – вели Стојков.

    Според репортерот на бугарскиот портал БГНЕС, наводно Петков потврдил дека до Народното собрание во Софија ќе го проследи францускиот предлог за решавање на спорот и е свесен дека неговата Влада ќе падне.

    – Во четврток официјално ќе биде испратен (францускиот предлог) до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре го испраќам до парламентот. Лично, Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад мене. Ќе го прифатиме, после тоа паѓаме и продолжуваме понатаму – наводно изјавил Петков.

    Но, од БГНЕС тврдат и дека премиерот е подготвен самиот, без поддршка на Парламентот и претставниците на владината коалиција, да го симне ветото за Македонија и тоа на наредниот Министерски совет на ЕУ закажан за 23 јуни во Париз.

    Првиот министер на Македонија за надворешни работи, професорот Денко Малески, вели дека иако многу нешта се нејасни во развојот на настаните во Софија, сепак дел од работите се јасни.

    – Јасно е дека Петков има волја да го реши спорот со Македонија. Но тоа ќе оди многу тешко, бидејќи во функција на ветото се ставени сите државни структури – вели Малески.

    БГНЕС ја пренесува и наводната изјава на Петков, со која тој потврдува дека бугарските политичари наскоро ќе најдат под брутален дипломатски напад од странските дипломати во Софија. Според Петков, како што наведува порталот, најактивни ќе бидат француските, германските и американските дипломати.

    – Очигледно е дека Петков се наоѓа под силен меѓународен притисок за да го реши спорот, но во исто време е под силен притисок на домашната јавност да не се реши. Од изјавата на бугарската министерка Генчовска, дознавме дека тој подготвувал ревизија на Резолуцијата за Македонија, изгласана во бугарското Собрание. Резолуцијата веројатно и треба да се ревидира, бидејќи парламентарниот состав е променет. Но, доколку тој ја загуби довербата на Парламентот, тогаш нема да може ништо да направи. Со оваа ситуација најдобро се објаснува поговорката – политиката е уметност на возможното – додава професорот.

    Малески советува нашите избрани политичари да го погнат решавањето на спорот со Бугарија, следејќи го примерот на Петков.

    – Потребно е да се помогне и од наша страна, бидејќи проблемот нема да исчезне. Не може ние постојано да велиме дека сме сториле сè и дека само една членка на ЕУ е против нас. Знаеме од спорот со Грција, дека таквиот став е контрапродуктивен – вели тој.

    Сите членки на блокот во март 2020 дадоа зелено светло за Албанија и Македонија да ги почнат преговорите за членство во Унијата, но тие оттогаш се во застој поради спорот за јазикот, историјата и идентитетот што Бугарија ѝ го наметна на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img