More

    Може да се случи Меѓународниот ден на борбата против корупцијата да биде одбележан со пиштење и вриштење

    spot_img

    На обновената црна листа на Стејт департментот, чие објавување се очекува утре, на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, би можело да има нови имиња од Македонија, брифираат попладнево добро упатени извори.

    Вашингтон најавува нови санкции за корумпирани функционери, секаде во светот. Црната листа на американската администрација, како еден од инструментите што ги користи Вашингтон во борбата против корупцијата, би можела да биде ажурирана и со лица од правосудниот сектор од нашата земја, но и со нови лица поврзани со политичките структури кои до сега беа недопирливи.

    Овие шпекулации се засилија откако американската амбасадорка Анџела Агелер го најави доаѓањето на американски “тим за санкции”. Иако сè уште не е целосно разјаснето што ќе работи овој тим. сите политичари од власта и од опозицијата побрзаа да го поздрават потегот на САД и да искажат јавни заложби за борба против корупцијата.

    Ажурирањето на постоечката црна листа од Македонија со нови имиња би можело да биде уште една силна порака за одлучноста на САД да отворат силен фронт на борба против ова зло, откако локалните власти потфрлија, брифираат изворите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img