More

    Млади иноватори пријавете се за глобален предизвик

    spot_img

    Третиот по ред младински предизвик: Генерација без граници (Generation Unlimited), ќе се одржи во 40 земји во светот, а вие можете да бидете дел од оваа глобална иницијатива.

    УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади иноватори од 16 до 24 години да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени под слоганот „Технологија за планетата“.

    Средношколци, студенти и заинтересирани млади луѓе, пријавете го својот тим, од 3 до 5 учесници и бидете креатори на својата иднина. Идеите ќе се развиваат со менторство на професионалци, преку design thinking работилници. Петте најдобри идеи ќе добијат почетни финансиски средства и дополнителна менторска поддршка за да ги развиjат своите идеи, а две од нив ќе се натпреваруваат на глобалниот предизвик, со шанса да добијат дополнителни средства до 20.000 американски долари, како и поддршка од Генерација без граници за проширување на решението.

    Имате шанса да добиете глобално признание и поддршка во справување со еден од најголемите предизвици за човештвото – климатските промени. Досега два наши тима беа меѓу глобалните победници: во 2020 година тимот eBionics, а во 2019 година, тимот АндроМета.

    Овогодинешниот младински предизвик на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се спроведува во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.

    Повеќе информации за предизвикот и апликацијата на линкотhttps://bit.ly/3KQUDxr и линк до Facebook настанhttps://bit.ly/3FBWd5w

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img