More

    Мијалков тврди дека никогаш немал допир со партиската каса

    spot_img

    Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, на денешното рочиште негираше дека давал упатства и совети и помогнал во делото „Плацеви на Водно“.

    – Апсолутно неточно. Најодговорно тврдам. Тоа што го зборувам не значи дека треба да ми поклоните верба. Јас како обвинет може да кажам што било, исто како и другите. Вие треба да поклоните верба на фактичка состојба. Имено од фактичката состојба не произлезе ништо во прилог на обвинението. Во целата постапка не видовме материјален доказ во поткрепа на обвинението. Вклучувајќи го и исказот на Ивановски кој наликуваше на одбрана, а не на сведок. Ни од неговиот исказ не произлезе дека сум давал упатства и совети. Никој не го побарал тоа од мене и не сум давал – рече Мијалков.

    Тој негираше дека поранешниот премиер Никола Груевски од него побарал помош за да купи и прикрие имот.

    – Чиста невистина. Никогаш од мене не побарал вакво нешто. Ова што го кажувам е поткрепено и со фактичката состојба каде нема ниту еден доказ. Никаде не е поткрепено дека некој побарал такво нешто од мене. Најодговорно тврдам дека ниту сум знаел ниту сум можел да знам за парични средства кои потекнувале од кривичното дело. Никогаш додека бев во раководството не сум имал допир со касата. За 15 години не слушнав од никого дека недостасувале пари особено не милион ипол евра. Јас не сум знаел а сигурен сум дека ако некој знаел, не можело да остане незабележано. Некој ќе приметел. Во текот на постапката и фактичката состојба не видовме материјален и вербален доказ кој ме товари мене за вакво кривично дело. За оф шор што и да кажам е депласирано. Во текот на постапката се потврди кој побарал, кој дал и не бев споменат. Не сум имал контакт со документи и печати. Како и за сѐ претходно, така и за ова не видовме доказ. Напротив сведочењето го потврди спротивното. Во текот на целата постапка добив чувство на набљудувач. Видов куп докази а мене ме немаше. Исто и со сведоците – рече Мијалков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img