More

    Мицкоски ја повика власта да им испрати помош на опожарените општини

    spot_img

    Ни претстои сериозна опасност ако не помогне државата и ако навремено не реагира, дека може да ни се повтори сценариото од минатата година. И да не бидеме обвинети дека само еве ги штитиме градоначалниците кои што се од редот на ВМРО-ДПМНЕ, еве во Берово е да речеме градоначалник од редовите на СДСМ, апелирам до Владата веднаш да испрати тимови и се што е потребно да биде ставено на располагање на општината бидејќи ресурсите со кои што општините располагаат се навистина минимални или незначителни, истакна  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Свети Николе, одговарајќи на прашање за пожарот во Берово.

    Мицкоски посочи дека штетата што може да настане од пожарот може да биде огромна и девастирачка, ако Владата не реагира навреме.

    – Затоа еве ја користам оваа прилика од овде од Свети Николе да предупредам, а воедно и да апелирам до власта што е можно побрзо да реагира, да заборави на коктелите и на трошењето на народни пари на периферни манифестации, да заборави на луксузирањето и на тендерите барем малку во четири очи пошто еве сведоци сме дека изминативе денови имаме еден таков мултимилионски тендер даден во четири очи за битумен на едно јавно претпријатие. Владата треба да се посвети на тоа што навистина им значи на граѓаните, а тоа е да се спречат пожарите кои што веќе почнуваат да се појавуваат во Македонија, а имајќи во предвид временските прилики може и да земе поширок опфат – појасни Мицкоски.

    Тој се осврна и на случајот со опожарени автомобили во Прилеп.

    – Живееме во време како во Бејрут во најлошите времиња, така отприлика функционира моментално Македонија. Тотално безредие, а тоа е така затоа што тие кои треба да го спроведуваат редот, ги водат луѓе коишто се во директен договор со криминалот и луѓето со сомнително досие, изјави Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа што се случува во Прилеп, најпрвин на директорот на комуналното претпријатие му беше опожарено возилото, па потоа на пратеникот Петар Ристески, па потоа на еден од вработените, раководител на сектор во општината, е само доказ имаме работа со насилници.

    – Информациите се дека две лица се приведени, периферни лица кои немаат никаква врска со случаевите ниту се поврзани некако. И двајцата се познати престапници на законите во Прилеп и прилепчани ги знаат – потенцираше Мицкоски.

    Тој нагласи дека наместо да се гонат вистинските извршители, а уште поважно инспираторите и нарачателите на сето ова, ние се занимаваме со пердуви расфрлање и периферни личности кои немаат никаква врска со суштината.

    – Во текот на вчерашниот ден имавме долга и неколку часовна средба на Извршниот комитет на партијата, разговаравме за сите можни сценарија, антиципиравме можно однесување на власта и донесовме одлука иницијативата за референдумско изјаснување на граѓаните да биде приоритет над сите приоритети. Цениме дека ако е мудра власта и ако навистина го цени мислењето на граѓаните бидејќи тие се суверен суверенитетот потекнува од граѓаните ќе го почитуваат нивното барање да се одржи едно такво референдумско изјаснување – изјави тој.

    Мицкоски истакна дека прашањето дополнително ќе и биде на јавноста познато, а бидејќи во периодот кој што следи ќе се водат процесите на консултации со експерти од областа, од областа на референдумско изјаснување, уставното и меѓународното право за да се дојде до едно решение.

    – Се надевам дека ќе биде како постапка најпрво прифатена од страна на спикерот Џафери во парламентот  а потоа и ќе собереме 150 илјади потписи и ќе излезeме на едно такво изјаснување. Но, ќе повторам уште еднаш тоа го зборував изминативе денови дека треба да се насочиме на проблемот  ова се три одвоени процеси – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img