More

    Мицкоски убеден дека ќе ја крои иднината на Македонија

    spot_img

    Ако сега има предвремени парламентарни избори, денеска да почне процедурата, држете ме за збор, ви гарантирам дека ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе има точно 61 пратеник, истакна вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Тој осврнувајќи се на влијанието на Демократската унија за интеграција, во однос на одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори, рече дека не зависи тоа од никој друг, освен од неговиот договор со премиерот Димитар Ковачевски.

    – Ние ќе ја кроиме идината на нашата Македонија врз основа на потребите на граѓаните. Затоа бараме предвремени парламентарни избори, затоа што ние нема да дозволиме иднината да се крои во Мала Речица.Сигурен сум дека ќе освоиме 61 пратеник на изборите – нагласи Мицкоски во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

    Мицкоски наведе дека СДСМ бегаат од избори бидејќи, како што рече, одредени луѓе во партијата се свесни дека никогаш повторно нема да го уживаат раскошот платен од парите на граѓаните, додека пак ДУИ затоа што никогаш пак нема да бидат поголем фактор од тоа што се денес во Владата на СДСМ.

    Тој повика да се изгласа една изборна единица, посочувајќи дека ако тоа се случи, за еден ден, министерот за правда Никола Тупанчевски ќе добие работни групи за Изборниот законик.

    – Ајде утре, еве привремено, ќе ја тргнеме блокадата, да изгласаме сите заедно во парламентот една изборна единица, да не бидат шест, другиот ден веќе ќе ги добие Тупанчевски тимовите кои ќе работат на измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
    Мицкоски најави дека ќе преземат и други чекори освен активната блокада на Собранието што ја стартуваа вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Ќе има и други чекори, нема да биде само блокадите, ќе треба органите на партијата да се произнесат за тие други чекори – рече тој и нагласи дека активната блокада значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира законите кои значат подобрување на животниот стандард на граѓаните.

    ПОГРЕШЕН ЧЕКОР Е ДА РЕЧЕМЕ „ДОСТА Е СО ЕУ“
    Погрешен чекор е да речеме „доста е со ЕУ“, рече Мицкоски во интервјуто за Телма.
    – Нашиот пат кон ЕУ не е пат затоа што е некаква награда, на крајот пехарот ќе го добиете и златната медаља, туку е пат со кој треба како општество да смениме менталитет и да практикуваме поинакви вредности. Не е тоа пат во кој треба да се стремиме да одиме затоа што на крај некој нешто ќе ни даде и ние сите наеднаш ќе си ги смениме животите. Не! Тоа е пат кој мора да го изодиме и да седнеме на таа маса, за генерациите по нас да ја продолжат оваа државност врз основа на некакви поинакви вредности – нагласи Мицкоски.
    Одговарајќи на прашањето дали е прифатлив за партијата стратешкиот дијалог со САД, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека дијалогот со САД и патот за полноправно членство во ЕУ не се конкурентни, туку се два паралелни процеса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img