More

    Мицкоски пронајде нелогичности во „Талир 2“

    spot_img

    Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ да менаџира со целата криза преставува најголемата закана за сигурноста на секое семејство во Македонија. И во вакви едни околности на власта на СДСМ и ДУИ и треба дефокусирање на вниманието од животот во ценовни шокови и енормна инфлација и зголемена сиромаштија. И затоа во моментот се случуваат два паралелни процеси. Едниот е посипување на лаги, наметнување на систем на лажни обвинувања, сеење на пердуви кон опозицијата, кон ВМРО-ДПМНЕ и мене лично, а целта на сето ова е јавноста да се занимава со лагите наместо со ценовните шокови и катастрофата во којашто живееме. И за оваа цел власта тоа го прави директно, а и индиректно преку разни спотери, нејзини полуги и платени механизми. Тука главната цел сум јас лично и ВМРО-ДПМНЕ. Јас нема да бркам лажни пердуви, да се борам со нивните лаги затоа што тоа го прават цели 5 години, и јавноста добро може да процени против што се борам и која е намената на таквите постапки. И кога државата ми пропаѓа немам намера да губам време за нивните спинови и измислици, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    – Вториот процес е дефокусирање на јавноста преку судски процеси и политички прогон како што го гледаме преку случајот Талир 2. И тука да бидеме на чисто, мојот став и понатаму е и родената сестра ако се огреши пред законот треба да одговара, но не преку политички монтирани процеси и окторирани и партизирани обвинители и судии. И немам дилеми дека треба да има апсолутна правда, безусловно почитување на законите и Уставот. Но, сето тоа треба да биде низ правна процедура. Сакам да ја искористам оваа можност ги пренесам до јавноста правните факти за случајот Талир 2 кој за жал нити обвинителството, а ниту партизираното и корумпирано судство и судија ги земаа во предви – изјави Мицкоски.

    Тој реагира дека самата објава на пресудата наликувала на се освен на она што треба да биде, а тоа е процесно дејствие.

    – Истата наликуваше на политички процес во режија на СДСМ, ДУИ, обвинителите и судиите. После завршните зборови, веднаш следниот ден, дури и не можеа да ги прочитаат стенограмите од завршните зборови, пресудата беше веќе напишана и следеше само да биде соопштена на јавноста. Истечен е рокот за да се води било каква постапка за овој предмет. Овој кривичен предмет на почетокот мора да напоменеме дека е поднесен незаконито од неовластен тужител, надвор од рокот од 18 месеци, од страна на сега осуденета со правосилна пресуда за рекет, поранешната СЈО Катица Јанева, односно обвинението е поднесено по истек на 16 месеци од овој рок – вели тој.

    Мицкоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ во овој предмет не е обвинет, односно не е странка во постапката, а со пресудата се одзема имотот на ВМРО-ДПМНЕ, со според него се повредува уставно загарантираното право на сопственост, без при тоа се сослуша претставникот на политичката партија согласно одредбите од законот за кривичната постапка.

    – Дури и во 1949 кога политички се отсекувале глави на политички неистомисленици и со еден или два сведоци се испраќале на Голи Оток или затворите на поранешната држава имало можност да биде сослушано лицето и странката. Во случајот воопшто не бевме сослушани, немавме право да си го кажеме нашето мислење и аргументи. Кривичниот суд надвор од негови надлежности поништи Договор кој ВМРО-ДПМНЕ го склучила со правното лице АД Бетон Скопје, при што го конфискуваше исклучиво делот кој е сопственост на партијата. Во најмала рака е нелогично како овој договор е незаконит само за ВМРО-ДПМНЕ и се конфискува имотот кој го стекнала партијата, а е законит партнерот во тој договор и не му е имотот конфискуван – смета претседателот на опозициската партија.

    Нелогичност за Мицкоски е дека предмет на конфискација е исклучиво објектот сопственост на партијата, а не и земјиштето на кое објектот е изграден.

    – ВМРО-ДПМНЕ на предметната локација имаше објект познат помеѓу своите членови и граѓаните во Македонија како „Жолтата зграда“ кој за никого не е спорно дека припаѓаше на партијата. Се поставува прашањето што со тој објект? Со ваквата пресуда ВМРО-ДПМНЕ е двапати незаконито оштетен, еднаш за новиот објект и еднаш за стариот објект неспорен за никого дека припаѓаше на ВМРО-ДПМНЕ.  Иако во вештиот наод на одбраната во оваа постапка се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во предметниот период имала и други приходи од членарини и од буџетот кои биле доволни за да се купат останатите партиски простории лоцирани низ Македонија, судот по барање на обвинителството без да обезбеди супер вештачење донесе одлука за конфискација на истите. И повторно сакам да потенцирам да биде запишано и јасно. ВМРО-ДПМНЕ не е имотот на партијата, ВМРО-ДПМНЕ е народот македонски и затоа оваа конструкција нема да ја оствари целта за којашто е измислена – додава тој.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека неговата партија ќе ја обжали пресудата, надевајќи се дека ќе пронајде правда пред македонските судови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img