More

    Мицкоски предупреди на недостатокот од енергенси

    spot_img

    Многу тешка есен и катастрофална зима не очекува, со информациите со кои што јас располагам. Еве завршува јули почнува август, за еден месец од денеска започнува учебната година, а за два ипол месеци од денеска почнува грејната сезона. Немаат обезбедено мазут, немаат обезбедено гас, се редат договорите во четири очи за ископ во РЕК Битола, но не за вистински ископ туку за трупање во џебови на приватни лица и партиски каси, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија.

    Мицкоски додаде дека ако така продолжат од власта да се однесуваа неодговорно, Македонија ја очекува доста тешка зима со скапи енергенси, со голем удар по џебот на граѓаните и не ги исклучува ниту рестрикциите.

    – И ако така продолжат, а не очекувам развој на настаните затоа што се знае кога треба се да е обезбедено, односно треба да е обезбедено во мај, а не сега да се обезбедува во 5 до 12. Очекувам да имаме исклучително сложена зима со многу скапи енергенси, со многу голем удар по џебот на народот и не ги исклучувам рестрикциите кои што мислам дека ако вака продолжат да се однесуваат ќе бидат неминовност – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    – И треба да сме сите свесни ако оваа Влада остане, час поскоро ни се подготвува тотален колапс на државата – рече Мицкоски.

    Тој одговори и на прашањето кое се однесуваше на неодамнешната изјава на Оливер Вархеи, во која еврокомесарот рече дека делувањето на опозицијата ги преминала црвените линии. Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ги држи своите позиции бидејќи тоа е партија од народот и мора да ги штити нивните интереси.

    – Македонскиот народ е жестоко нападнат од асимилаторските потреби од страна на нашиот источен сосед, односно да бидам попрецизен – од една земја членка на Европската Унија а тоа е соседна Бугарија. Ние сме партија за македонско национално единство и не смееме да избегаме од тоа. Тоа што јас го гледам на отворена сцена овие денови е обидот на власта но и нејзините инсталации во опозицијата да го нападне ВМРО-ДПМНЕ и јас морам да ја искористам оваа прилика да упатам една порака дека тоа се јалови напади кои нема да имаат успех бидејќи позади ВМРО-ДПМНЕ е народот бидејќи народот препозна чесна борба во ВМРО-ДПМНЕ. Јас ги препознав тие инсталации, ги препозна и народот и затоа тие инсталации се поразени и повторно ќе бидат поразени а истите тие сега сакаат да фатат приклучок со ВМРО-ДПМНЕ вршејќи ваков притисок, уценувајќи, мислејќи дека утре кога ќе има ВМРО-ДПМНЕ владино мнозинство, повторно тие ќе уживаат некакви привилегии и бенефити на грбот на народот. Ова е ново ВМРО-ДПМНЕ, реформирано, реструктуирано и нема да биде заложник политика на ВМРО-ДПМНЕ на овие инсталации или јас како што ги нарекувам – полусвет, сѐ додека сум јас претседател – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img