More

    Мицкоски ги повика политичарите од Брисел да ги започнеме преговорите

    spot_img

    Политичарите во Брисел да си го одржат ветеното и да ги отпочнеме преговорите за членство, порача Мицкоски
    Упатувам порака до Европската Унија, како што се обедини околу руската агресија на Украина, да се обедини и околу политичката агресија на Бугарија врз земјава и да ни дозволи конечно да ги почнеме тие преговори за членство без какви било условувања, понижувања и отстапки, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Општина Кисела Вода.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека постојат шанси за повлекување на бугарското вето на средбата на претставници на двете влади најавена за 22 мај во Скопје, Мицкоски изјави дека не мисли оти „постојат шанси за достоинствено тргање на ветото“.

    – Или ќе бидеме понижени и омаловажени од страна на хегемонистичките барања на нашиот источен сосед или нема да биде тргнато ветото – смета Мицкоски.

    Тој уште еднаш упати порака до политичарите во Брисел да го исполнат тоа што и го ветуваа на земјава за конечно да ги почне преговорите за влез во ЕУ „без недостоинствени отстапки“.

    – Повторно еве ја користам оваа прилика да упатам порака до Европа, до Европската Унија, исто така како што се обединети околу руската агресија во Украина да бидат обединети околу политичката агресија на Бугарија врз Македонија и да ни дозволи конечно да ги почнеме тие преговори без какви било условувања без било какви понижувања и без било какви недостоинствени отстапки, бидејќи јас бев сведок кога истите тие политичари од Брисел ветуваа дека оној срамен Преспански договор е последната отстапка што оваа држава треба да ја направи пред да стане полноправна членка на НАТО и да ги почне преговорите за полноправно членство во ЕУ – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img