More

    Министерството и локалната власт три месеци се во препирка околу член на Управен одбор

    spot_img

    Политичка пресметка и мобинг меѓу централната и локалната власт се причината за револтот кој денес го изрази битолскиот градоначалник Тони Коњановски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пред просториите на Министерството за труд и социјална политика, откако на најголемата градинка во градот, „Естреја Овадија Мара“, со која директорува кадар на СДСМ, ѝ беше одземена лиценцата за работа.

    Конфликтот трае три месеци, а настанл бидејќи на седница на општинското собрание мнозинството не изгласало член на Управниот одбор(УО), кој бил од редовите на вработените во градинката. Како одговор на ова, Министерството ја одземало лиценцата за работа на градинка, за да поставува свои членови, што според Коњановски е незаконски и централната власт тука се меша во работата на општината. Меѓу другото, се поставува прашањето дали функционира децентрализацијата на општините во ваквите случаи.

    – Ја прашуваме министерката дали ќе ги игнорира и понатаму претставките ? Дали ќе дозволи партиската волја да го креира начинот на работа ? Дали незаконското работење е она што го поддржува централната власт? Очекувам МТСП да запре со опструкциите врз општина Битола, особено во случај кога се во прашање децата – вели градоначалниот Коњановски.

    Во меѓувреме деветте објекти кои опслужуваат 900 деца се парализирани. Препирката меѓу советниците во градот направи да не бидат донесени ни програмата за работа и годишниот извештај.

    – Без тронка одговорност ги оставија градинките три месеци парализирани, без функционален Управен одбор – изјави Борче Корлевски, советнико од редовите на СДСМ.

    Според него, новата локална власт најпрво не ги изгласа завршните сметки и програмата на градинките уште на првите седници без никакво образоложение. Потоа три пати ја поставиле и три пати ја тргнале точка од дневен ред за избор на претставник на вработените во УО на установата.

    Во Битола тензична е атмосферата и во училиштата каде локалната власт не може да ги промени директорите од СДСМ затоа што уште имаат мандат. Се шпекулира дека просветен работник извршил физички напад врз директорка на училиште со цел да одземе документ. Општината одговори дека сè што е преземено е законски и дека онаму каде што има индиции за неправилности, ќе постапува внатрешниот ревизор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img