More

    Министерството за финансии почна јавна дебата за предложеното редизајнирање на системот на оданочување во земјава

    spot_img

    Министерството за финансии почна јавна дебата за предложеното редизајнирање на системот на оданочување во земјава.

    – Денеска почнуваме со јавна дебата за концептот на даночни реформи, кои заедно со реформата во јавните финансии, ќе придонесат за поефективно и поефикасно прибирање на приходите во буџетот, а потоа тие приходи, кои се пари на граѓаните, на најефикасен и транспарентен начин да се искористат за обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните – рече министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба н а која заедно со директорките на УЈП и Царинската управа, Сања Лукаревска и Славица Кутиров, ги претстави предлозите пред бизнис заедницата.

    Македонија има едно од најниските нивоа на учество на приходите од даноци и придонеси во БДП. Во периодот од 2008 до 2020 година присутен е значителен јаз помеѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ и кај нас. Во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4% во БДП на ЕУ, што е за 10,7 процентни поени над оствареното во Северна Македонија со 27,7%. Овој јаз со текот на годините се продлабочува, со што во 2020 година изнесува 13,8%.

    – Концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход опфаќа предлог законски решенија со кои се ревидираат преференцијалните даночни третмани што ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем. Понатаму, тие се во насока на зголемување на даночните приходи преку проширување на даночна основа и креирање фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии кои поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација. Се поедноставуваат и осовременуваат законските текстови, се јакне транспарентноста и ефикасноста во спроведување на прописите од даночните обврзници и администрација – истакна Бесими.

    Даночната реформа ги опфаќа данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите и еколошката даночна политика, а предвидените законски измени во најголем дел се планира да се применат од 1 јануари 2023 година. Предвидени се решенија кои ќе придонесат за проширување на даночната база преку таргетирање на повластените даночни третмани т.е. даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност. Се предвидува ревидирање на даночните стимулации при што ќе се креира фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во технологии кои поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација.
    Во делот на ДДВ промените се однесуваат на понатамошно зајакнување на основните принципи на системот на ДДВ, како и допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници.

    Во дебатата ќе биде опфатено и прашањето на Данокот на личен доход во контекст на прогресивното оданочување и рамниот данок.

    Предложените решенија се однесуваат на потребата од обезбедување поголема вертикална и хоризонтална праведност на даночниот систем и проширување на даночната основа преку намалување на даночните расходи.

    Оваа реформа се очекува позитивно да влијае на намалување на неформалната економија, односно да доведе до нејзина формализација и до сузбивање на даночните затајувања.

    Процесот на сеопфатни даночни реформи е во насока на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем што ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, а во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Предлог концептот денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, заедно со директорките на УЈП и Царинската управа, Сања Лукаревска и Славица Кутиров, ги претстави пред бизнис заедницата. На средбата присуствуваа претставници на сите коморски здруженија во земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img