More

    Министерството за одбрана вели дека е отворена истрага за кражбата

    spot_img

    Oтворена е истрага за кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, соопшти Министерството за одбрана откако беше прозвано од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки да каже како се случило да бидат украдени документи класифицирани како „строго доверливи“.

    За случајот со кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, отворена е истрага од релевантни надлежни организациони единици во Министерството за одбрана кои во соработка со МВР треба да ја завршат оваа постапка“, се наведува во реакцијата од Одбрана.

    Во однос на обвинувањата од поранешниот припадник на Армијата а сега пратеник Ковачки, од Министерството информираат дека кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал.

    „Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата. Го повикуваме пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна. Ја известуваме јавноста дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана“, се додава во реакцијата од Министерството за одбрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img