More

    Милошоски ги повика сите на протестот на 18 јуни

    spot_img

    „Премногу е денес, затоа што со СДСМ и ДУИ прават голема инфлација, поскапување на храната и на енергенсите од 30 до 100%. Маслото поскапе за 107%, килограм брашно за 80%, литар млеко веќе е поскап за 50%, шеќерот за 36%, а горивата се поскапи и до 70%. Имаме поскапа струја за 30% со најава за ново поскапување во јули. И после ова некој не и верува на Владата дека инфлацијата е само 12%. Народот секојдневно гледа и чувствува по сопствениот џеб дека тоа што лани го купувал за 500 денари, денес во самопослуга не може да го купи ниту за 1.000 денари“.

    Ова го кажа пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција. Според него владата не го чувствува ова, затоа што за неа има се повеќе тендери, и поголеми провизии, а за народот има се помалку пари. Платите се ниски, а цените се премногу високи.

    -Услугите кои што институциите се должни да ги дадат не се достапни за обичните луѓе, но се достапни за тие кои што се блиски до власта бидејќи корупцијата стана правило, за жал, исто како и непотизмот. Изминатиов период власта дури се обиде во својата ароганција и самоволие да сокрие и некои убиства. Така беше со убиството на ракометарот Тот, така е денес и со убиството на младото момче Витанов во струмичко. Ништо од она што го ветија не исполнија. Нема нов Студентски град, нема Клинички центар, ниту клинички во Штип, а автопатот Кичево-Охрид-Струга не е помрднат од фазата во која што беше оставен во 2017 година – рече Милошоски.

    Тој ги повика сите на 18 јуни во 20 часот да протестираат пред Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img