More

    Метрополитен операта во Њујорк ја одбележува годишнината од руската инвазија на Украина

    spot_img

    Метрополитен операта во Њујорк планира да ја одбележи првата годишнина од руската инвазија на Украина со концерт на 24 февруари.Оркестарот под диригентство на Јаник Незе-Сегуин ќе ги изведе Реквиемот на Волфганг Амадеус Моцарт и Петтата симфонија на Лудвиг ван Бетовен, а ќе настапат и неколку украински солисти, објави во петокот светски познатата оперска куќа.

    „Реквиемот на Моцарт е сеќавање на невините жртви на војната, а Петтата на Бетовен е предвидување на победата што доаѓа“, рече директорот на Мет Питер Гелб.

    Ќе биде изведена и украинската национална химна, рече тој.

    Минатата година, оперската куќа на Менхетен одржа концерт за собирање пари за жртвите од војната и објави дека, како реакција на руската инвазија на Украина, нема да соработува со уметници или институции кои го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img