More

    Менаџер тврди дека актерот под дејство на дрога и пијан го претепал на сетот

    spot_img

    Откако од судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, излезе како победник, Џони Деп го дочека  уште еден судски процес.

    Станува збор за тужба поднесена од Грег Брукс, менаџер за локации кој работел на сетот на филмот „Град на лагите“ во 2018 година, а кој тврдел дека Деп во текот на снимањето двапати го удрил при расправија за која, меѓу другото, бил виновен алкохолот. Во понеделникот беше објавено дека е постигната вонсудска спогодба, но детали не беа соопштени.

    Она што е познато е дека Деп до крајот на август мора да ги исполни деталите од спогодбата, а во случај да не го направи тоа, судскиот процес повторно ќе биде покренат.

    Брукс во тужбата навел дека Деп му викал, го удрил двапати по ребрата и му понудил 100.000 долари за да му го возврати ударот. Брукс наводно добил отказ, бидејќи одбил да вети дека нема да го тужи Деп поради инцидентот. Тој воедно го обвинил Деп дека се дрогирал на снимањето на филмот и тврдел дека бил под дејство на алкохол во моментот на споменатата расправија, која кулминирала со тепачка.

    Откако Брукс поднесе тужба, Деп го бранеше Ема Даноф, која работела како надзорник на сценариото на филмот и која тврдеше дека дотичниот инцидент никогаш не се случил.

    Таа доставила заверена изјава до судот во која изјавила дека била сведок на расправијата што настанала додека Брукс извикувал расни навреди кон бездомничка црна жена.

    „Тој веднаш стана, отиде кај Брукс и застана во одбрана на жената. Г-дин Деп му рече на г. Брукс: Не можеш така да зборуваш со неа. Мислиш дека таа е помалку вредна? Кој мислиш дека си? Како се осмелуваш ти?“, рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img