More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 28.11.2022 година

    spot_img

    На 27.11.2022 во 22.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.11.2022 во 13.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.К.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.11.2022 во 16.20 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(31) од Струга затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.11.2022 во 22.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.11.2022 во 12.45 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Б.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 27.11.2022 од 11.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле преземени 170 мерки (ТЕ-97 и ГВ-73). При контролата биле откриени и санкционирани 97 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-51 и ГВ-46), од кои 2 возачи (ТЕ) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час од дозволеното, 31 возач (ТЕ-12 и ГВ-19) до 70 километри на час и така натаму. При контролата, исто така, санкционирани се и 73 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-42 и ГВ-31) во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и зависно од големината на пречекорувањето, ќе се соочат со предвидените парични глоби. Во акцијата биле санкционирани и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-1).

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 14 мерки возење без возачка дозвола, 21 санкција за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила…

    На 27.11.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 75 прекршоци, од кои 42 надвор од населено место и 33 во населено место, од нив 22 на подрачјето на Свети Николе, 20  Штип, 11 Берово, 7 Пробиштип, 7 Кочани, 5  Делчево и 3 Виница. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 7 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

    На 27.11.2022 година во перидоот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 прекршувања на брзината, од кои 28 на подрачје на Струмица, 26 на подрачје на Радовиш и по 10 на подрачјата на Гевгелија и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 27.11.2022 во 16.25 часот било пријавено дека на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во пешак- машко лице. Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатот е дадено во Институтот за судска медицина за обукција. Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.

    На 27.11.2022 во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен удар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско. Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

    На 28.11.2022 во 01.30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.М.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

    На 27.11.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.П.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Панко  Брашнаров“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img