More

    Мајката на Пике ја зграпчува Шакира за лице

    spot_img

    На социјалните мрежи се појави снимка која открива колку биле лоши односите меѓу Шакира и мајката на Пике, Монсерат Бернабеу. Откако се дозна дека Шакира има кукла-вештерка на нејзиниот балкон насочена кон куќата на поранешната свекрва, многумина ја нападнаа велејќи дека не треба да ја меша мајката на Пике во својот љубовен крах.

    Меѓутоа, по видеото кое неодамна беше објавено на социјалните мрежи, многумина заклучуваат дека Монсерат била многу вклучена во нивната врска. На видеото е очигледно дека пејачката и мајката на фудбалерот се расправаат. Во еден момент мајката на Пике ја зграпчува Шакира за лицето, а пејачката нагло ѝ ја тргнува раката.

    Како што пишуваат странските медиуми, свекрвата во тоа видео ѝ рекла на Шакира: „Мораш да ја држиш устата затворена“.

    Додека се одвивала нивната расправија на улица, Пике само стоел и гледал. Снимката од инцидентот, која дури сега заврши на мрежите е снимена порано, но не се знае точниот датум. Многу луѓе на социјалните мрежи се бесни поради ова видео, а коментарите само се нижат.

    „Не можам да верувам дека Пике само стоеше додека неговата мајка ја фаќаше Шакира за лицето“, „Погледнете го Пике. Ништо не прави. Не знае како да ја заштити Шакира од сопствената мајка. Тоа не е маж“, „Ми се лоши од ова. Се гледа гнев во очите на мајката на Пике“, се дел од коментарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img