More

    Матичните лекари во земјава ја повикуваат Комисијата за заразни болести да ја преиспита својата одлука за отвора пет нови ковид-амбуланти во скопските поликлиники

    spot_img

    Матичните лекари во земјава ја повикуваат Комисијата за заразни болести да ја преиспита својата одлука за отвора пет нови ковид-амбуланти во скопските поликлиники. Тие велат дека ќе бидат принудени да ги остават на цедило другите свои пациенти за да дежураат во амбулантите, со што ќе се дестабилизираат основните услуги во здравството, пишува НоваМакедонија.

    – Уште еднаш Комисијата да размисли дали е време за дестабилизирање на примарното здравство. Кога еден матичен ќе биде на смена и тогаш треба да дежура тогаш кој ќе ги третира неговите пациенти – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ, Здружението на матични лекари.

    Матичните велат дека не е време за ваква одлука бидејќи во болниците во моментов нема притисок од пациенти заболени од ковид-19.

    Инаку, Комисијата по последниот состанок што се одржа вчера, епидемиолошката состојба ја оцени како стабилна, но појасни дека сега притисокот останал на матичните лекари. Според нив, првично, со пет амбуланти во Скопје, со работа во две смени од седум ипол наутро до седум ипол навечер, во кои ќе дежураат матични лекари, ќе се решеле и проблемите на докторите, а и проблемите со недостаток на тестови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img