More

    Манчестер јунајтед до крајот на сезоната без Погба

    spot_img

    Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, рече денеска дека Пол Погба поради повреда ќе отсуствува од теренот најмалку четири недели и оти речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

    Погба, чиј договор со Јунјатед истекува во јуни, се повреди во вторникот вечер за време на натпреварот против Ливерпул (0-4)

    – Мислам дека нема повторно да се враќа на теренот. Лекарот ми рече дека неговата рехабилитација ќе трае најмалку четири недели, а имајќи предвид дека последниот натпревар е на крајот од мај, тој веројатно нема да се врати на теренот – изјави Рангник.

    Јунајтед во последниот натпревар од сезонава во Премиер лигата ќе му гостува на лондонски Кристал Палас на 22 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img