More

    Макрон: Украина никогаш не би имала мир, доколку крајната цел на конфликтот во земјата е да се „уништи Русија“

    spot_img

    Украина никогаш не би имала мир, доколку крајната цел на конфликтот во земјата е да се „уништи Русија“, тврди францускиот претседател Емануел Макрон, јави Си-ен-ен.

    Макрон слушнал поединци како велат дека „целта на оваа војна е да се уништи Русија“.

    – И таму јас велам дека сте грешка. Доколку го сторите тоа, никогаш нема да постигнете договорен мир – истакна францускиот претседател.

    Според него, ниту целта на Зеленски не е да се уништи Русија.

    – Претседателот Зеленски ја брани својата земја. Ние сакаме да му помогнеме во тоа – нагласи Макрон.

    Тој додаде дека „коментатори или одредени лидери не треба да притискаат подалеку од тоа што го намислиле Украинците“.

    – Тоа беше улогата на Франција, да се стави граница на ова прашање – подвлече Макрон.

    Како што смета Макрон, „ние понекогаш ја добиваме војната, но, го губиме мирот“.

    Тој ја потврди француската поддршка за Украина и се спротивстави на тврдењата дека неговите претходни коментари за несакање да се „понижи Русија“, ги нарушиле односите со украинскиот претседател.

    – Ние правиме сè за Украина да ја добие оваа војна – заклучи францускиот претседател.

    Во интервју за француската телевизија БФМ, Макрон даде коментар и за патот до членство на Украина во Европската Унија.

    Според неговите зборови, „патот ќе биде долг“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img